Тешко повреден градежен работник од Куманово

Д.Т. (36) од Куманово, се повредил при извршување на работни задачи во фирма во населбата Илинден, по што од доктор е констатирана тешка телесна повреда.

Несреќата се случила вчера во 11.10 часот по што повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Случајот во полиција го пријавиле од болницата.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје. За настанот е известен трудов инспектор.

ИЗВОР

Hits: 1

Posted in Несреќи при работа.