Обука на тема “Вовед во областа на нејонизирачко зрачење во работна средина”

Согласно годишната оперативна програма на Македонско здружение за заштита при работа,  на 27.11.2020 година се одржа обука “Вовед во областа на нејонизирачко зрачење во работна средина”.

На обуката земаа учество 49 учесници, членови на Македонско здружение за заштита при работа.

Целта на обуката беше запознавање со темата нејонизирачко зрачење, да увидиме што претставува извор на зрачење, какви биолошки ефекти се можни, да ги демистифицираме ризиците и да увидиме дали и какви мерки е потребно да компаниите да применат за да ги заштитат своите вработени од изложеноста на нејонизирачко зрачење или да ги намалат ризиците.

Visits: 189

Posted in Новости, Обуки.