КОЧАНЧАНЕЦ НА РАБОТНО МЕСТО СЕ ЗДОБИЛ СО ПОВРЕДА

На 25.12.2020 во 08.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани, било пријавено дека околу 07.35 часот А.К.(24) од Кочани во фабрика во Кочани на ул.,,Теодосија Паунов“, при работа на машина – електрична глодалка, се здобил со повреда во пределот на левата нога.

По укажаната лекарска помош од доктор во Итната медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

ИЗВОР

 

Visits: 68

Posted in Несреќи при работа.