Почитувани,
Македонското здружение за заштита при работа како Организатор на обуките за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа (Овластување бр. 08-3608/4) објавува
Оглас за пројавување на интерес за презентер за потребите на МЗЗПР за Обука на тема од областа на физички штетности:
- „Анализа на ниво на бучава и вибрации во работна средина”.
Според наведената тема, од презентерот се очекува да бидат опфатени следните поими:
– Поим за бучавост и вибрации на работно место; извори
– Вибрации на рака, вибрации на тело
– Управување со бучавост и вибрации
– Карактеристични работни места, начини на превенција и заштита
– Мерење, анализа и оцена на изложеност на бучава и механички вибрации
Услови за избор на презентер:
– Предност имаат членовите на МЗЗПР ( индивидуално членство или членство на компанијата каде се вработени)
– Искуство во наведената област
– Искуство во презентирање, одржување на обуки ( предност доколку го има)
Рокот за пријавување е најдоцна до 15.01.2016 до 12 часот, на следнава електронска пошта kontakt@mzzpr.org.mk
Контакт телефон 02/2774 868
*Презентерот на обуката ќе се стекне со 20 бода, за активно учество како презентер на обуката во земјата според Правилникот за начинот на бодување на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување.
Views: 93