Оглас за пројавување на интерес за презентер – доктор по медицина на труд

Почитувани,

Македонското здружение за заштита при работа како Организатор на обуките за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа (Овластување бр. 08-3608/4) објавува,

Оглас за пројавување на интерес за презентер – доктор по медицина на труд, за потребите на МЗЗПР за Обука од областа на  работната  средина на тема:

„Вклучување на БЗР во фаза на проектирање на работна средина“

Според наведената тема, од презентерот, доктор по медицина на труд, се очекува да биде опфатено:

– Социјални односи – стрес, влијание врз вработените во работна средина.

– Слобода на презентерот да опфати прашања во наведената област од сопствено искуство.

Услови за избор на презентер:

–              Предност имаат членовите на МЗЗПР (индивидуално членство или членство на компанијата каде се вработени)

–              Искуство во наведената област

–              Искуство во презентирање, одржување на обуки (предност доколку го има)

Сите заинтересирани треба да достават кратко професионално CV.

Рокот за пријавување е најдоцна до 12.02.2016 до 12 часот, на следнава електронска пошта kontakt@mzzpr.org.mk

Контакт телефон 02/2774 868

Views: 123

Posted in Новости, Обуки, Огласи.