ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 28 АПРИЛ – СВЕТСКИ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
“Македонското здружение за заштита при работа” како Колаборативен центар на Меѓународната организација на труд (ILO/CIS) во соработка со “Националниот совет за безбедност и здравје при работа” го одбележа 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.
Тема на овогодинешното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа беше “Стресот на работното место: Колективен предизвик”.
На одбележувањето на светскиот ден присуствуваа претставници од државните институции, граѓански организации, социјални партнери, образовни институции, медиуми.
Настанот започна со јавна дебата на тема несреќи, повреди и смртни случаи при работа во Македонија каде беше презентиран Извештајот на МЗЗПР на несреќи, повреди и смртни случаи при работа за 2015 година. Во централниот дел на настанот беа доделени Национални награди за добра пракса за БЗР за 2015 година за мали, средни и големи компании и беше промовиран проектот “Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина- Основно човеково право”.
Views: 104