Повреден пожарникар при гаснење пожар во Скопје

Повреден пожарникар при гаснење пожар во Скопје
12.02.2017
Триесет и петгодишен пожарникар синоќа е тешко повреден при интервенција на опожарен стан на ул. „Лука Геров“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, ноќеска во 00:25 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на 12.02.2017 година околу 22:20 часот на ул. „Лука Геров“ во стан сопственост на Т.О. (62), а издаден под кирија на Б.К. (44), избувнал пожар. Во моментот на избувнување на пожарот во станот немало никој.

Бригадата за противпожарна заштита го изгазнала пожарот околу 23:20 часот. На местото на настанот биле излезени и три возила од Итна медицинска помош кои укажувале помош на станарите кои се жалеле дека вдишиле поголемо количество на чад.

Пожарникарот З.П. (35) паднал од скала додека интервенирал. Тој со тешки телесни повреди бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“. Увид ќе се врши во текот на денот, соопшти полицијата.

Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=1e423688-c178-4e8b-a160-150d857e3abd

Views: 114

Posted in Несреќи при работа.