Претепани двајца новинари

Двајца новинари на порталот А1 он беа брутално претепани од петмина учесници на вечерашниот протест пред Собранието на Македонија.

Според очевидец на настанот, учесници на протестот ја нападнале екипата на А1 он пред Триумфалната капија, ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите, по што еден од известувачите на порталот бил во конфузна состојба и се пожалил на повреди.

Извор: http://exclusive.mk/articles/26284/koj-gi-prati-napagjachite-na-protestot-brutalno-pretepani-novinari-foto

Views: 73

Posted in Несреќи при работа.