Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во соработка со Сојузот на Синдикатите на Македонија како последна активност од проектот “Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно човеково право” финансиран од Европската Унија одржаНационална конференција за „Функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите” на ден 02.март 2017 година во хотел Мериот, со почеток во 10:00 часот.
Целта на националната конференција беше подигнување на свеста за придобивките од бипартитниот дијалог во компаниите и улогата и профилот на претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа и да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни за тоа како социјалните партнери, граѓанскиот сектор и државните институции преку своите активности ќе се залагаат за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа.
На конференцијата говореа:
Милан Петковски, Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), Д-р Живко Митревски, Сојуз на Синдикатите на Македонија (ССМ), Ангел Димитров, Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ), Ленче Коцевска, Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Проф д-р Елисавета Јасна Стикова, Медицински факултет – Скопје, Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Аљајдин Хавзиу, Државен инспекторат за труд (ДИТ), Ана Шијаковиќ, Европско здружение на инженерите за безбедност, Цветан Ковач, Хравтска пошта Загреб, претставници од компаниите РЕК Битола и Рудник Бучим и Весна Ристовска, Македонско здружение за заштита при работа.
Свое учество на конференцијата имаа и 80 претставници од синдикатите, работодавачите, државните институции, стручните лица по БР, претставници од образовните институции и др.
Формирање на БЗР одбори и воспоставување на механизми кои функционираат во регионот со цел да се развие и унапреди дијалогот во земјата, постоење на консултативни тела во компаниите и субвенционирање на мерки од областа на БЗР во рамки на компаниите како и подигнување на нивото на значењето на претставникот на вработените и воспоставување и заживување на системот за евиденција на повреди, професионални заболувања и несреќи при работа се дел од препораките кои произлегоа од конференцијата.
Македонско здружение за заштита при работа
Проект ,,Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно Човеково Право”
Views: 66