EU OSHA – Европска агенција за безбедност и здравје при работа
Eвропската агенција за безбедност и здравје при работа (EU OSHA) има за цел да ја направи Европа побезбедна, поздрава и попродуктивна работна околина. Оваа организација промовира култура на спречување на ризик со цел да ги подобри работните услови во Европа. Тие претставуваат децентрализирана агенција на Европската Унија, создадена во 1996 од регулативата на Советот на ЕУ на 18 јули, 1994 година, со задача за собирање, анализирање и дисеминација на релевантни информации кои можат да им служат на луѓето вклучени во безбедноста и здравјето при работа.
Седиштето на EU OSHA е лоцирано во Билбао, Шпанија, каде што агенцијата има вработено специјалисти за безбедност и здравје при работа, комуникација и администрација.
EU OSHA работи во партнерство со голем број на организации. На национално ниво, EU OSHA е претставувана од мрежа на „Focal Point” во повеќе од 30 држави во Европа. Focal point вообичаено се најважните организации за безбедност и здравје при работа во одредена земја. Секој Focal Point ја информира трипартитна национална мрежа за да осигура дека информациите за безбедност и здравје при работа ќе бидат ефективно собрани и дисеминирани.
Mакедонско здружение за заштита при работа – EU OSHA Focal Point за Македонија
Македонското здружение за заштита при работа стана EU OSHA Focal Point за Македонија на 27.12.2011, откако здружението беше номинирано од Министерството за труд и социјална политика на Македонија. Како EU OSHA Focal Point, МЗЗПР промовира кампањи и публикации, организира настани и редовно присуствува на состаноците на мрежата. Љупчо Кочовски, раководител на проект во МЗЗПР, е назначен за EU OSHA Focal Point Manager за Македонија. МЗЗПР на својата вебстрана често објавува вести, алатки, факти и публикации од EU OSHA.
Views: 263