Физички нападнат и повреден полицаец на должност во Тетово

Физички нападнат полицаец на должност во ТетовоНа 08.05.2017 година околу 18.00 часот во Тетово на ул. „Илинденска“, додека полициски службеник се движел со возило во правец кон излез од градот за Гостивар, пред него излегло ПМВ „Фоксваген Голф“ со германски национални ознаки, управувано од  Б.Ј. (32) од с.Слатино, општина Теарце, кое се движело неконтролирано по коловозот. Го престигнал возилото и го запрел, каде го предупредил Б.Ј. на неговото однесување како и можното загрозување на сообраќајот. После тоа Б.Ј. почнал да му се заканува, а потоа и физички го нападнал со тупаница во пределот на главата по што полицискиот службеник паднал на асфалтот, а Б.Ј. продолжил да го удира со клоци и тупаници по целото тело, по што го напуштил местото на настанот. Во Клиничката болница Тетово на полицискиот службеник му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Истиот ден во просториите на СВР Тетово, во присуство на адвокат, извршен е разговор со Б.Ј. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: http://www.slobodenpecat.mk/hronika/fizichki-napadnat-politsaets-na-dolzhnost-vo-tetovo/

 

Views: 67

Posted in Несреќи при работа.