Три непознати лица, од кои едно вооружено со автоматска пушка, а друго со пиштол, вчера околу 20:20 часот извршиле разбојништво врз сопственикот на менувачница во ТЦ „Сарај“ во Скопје.
Како што информираат од МВР, разбојништвото било извршено пред менувачница.
Кон сопственикот на менувачницата било пукано со огнено оружје, при што тој бил повреден во пределот на двете нозе, по што со возило бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје за укажување лекарска помош.
СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: http://www.libertas.mk/grabezh-vo-menuvachnitsa-vo-saraj-povred/
Views: 73