Вработен во фирмата „Јела“ од Неготино ја повредил раката, работејќи на електричен циркулар.
СВР Неготино денеска соопшти дека настанот е пријавен вчера во 13 часот и оти е повреден 52-годишниот Љ.Г.
Повредениот е однесен во Итната медицинска помош во Неготино каде му е укажана лекарска помош.