Вчера околу 15.00 часот, на месноста „Бигор“, атар на село Вруток, гостиварско, бил повреден Б.Н. (62) од Гостивар, вработен во Јавното претпријатие „Комуналец“.
Тој бил повреден работејќи на отстранување на дефект на водоводната мрежа. Б.Н. бил удрен по главата со метална кука од авто-дигалка, по што Б.Н. изгубил рамнотежа и паднал на земјена површина од височина од околу два метри. Тој бил пренесен во гостиварската болница.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Views: 87