Во текот на вчерашниот ден во 11 часот и 50 минути на автопатот во изградба Штип – Миладиновци – Скопје, на 7,5 км од клучката Штип, при изведување градежни работи, 54-годишниот Д.М. од Куманово, управувајќи работна машина „Грејдер“, при враќање наназад, го прегазил 58-годишниот Т.Ф. од селото Ранковце, Крива Паланка.
Од здобиените повреди (фрактура на череп), Т.Ф. починал на самото место.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, трудов инспектир и екипа од СВР Штип.
По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Views: 99