Полицаец тешко повреден во сообраќајката со „шкода јети“

52-годишниот полицаец се здобил со сериозни повреди по сообраќајката на патот Прилеп-Битола во која учествувало возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи. 52-годишниот Б.Д. бил сопственик во полициската „шкода јети“. По судирот со возило „пасат“, тој бил префрлен во прилепската болница каде ортопед му констатирал тешки телесни повреди.

Со возилото управувал 49-годишниот Ц.В. од село Десово. Неофицијално полициските службеници од СВР Битола биле на работна задача, односно оделе по затвореник.

Од полицијата велат дека се уште не е утврдено што ја предизвикало сообраќајната несреќа.

Извор: https://fokus.mk/politsaets-teshko-povreden-vo-soobrakajkata-so-shkoda-jeti/

Views: 94

Posted in Несреќи при работа.