На улицата „Едвард Кардељ“ во Струга, вчера 23-годишниот С.Ѓ. од село Велестово, охридско, при извршување на градежни работи на куќа, паднал од скеле од висина од околу 6,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Views: 144