Разговор со еден од предавачите на следната предвидена обука „ Основни поими на ергономијата и нејзината улога во безбедноста и здравјето при работа“ Проф. Д-р. Серјожа Гонтарев, професор на факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Досега има објавено над 70 научни и стручни трудови.
Коафтор на учебник за средно образование ,,Основи на теорија и методика на спортот”.
Коафтор на научна публикација ,,Развојни тенденции на некои антропометриски, функционални, моторни показатели и социо-економскиот статус кај учениците од двата пола од 6 – 14 годишна возраст од основните училишта во општина Кисела Вода”.
Автор на стручна книга-прирачник “Аеробик”
Трудови објавени во последните 5 години, со назначен импакт фактор за секој труд според JSR датабазата на Thomson Routers.
Која е целта на обуката?
Целта на обуката е да се запознаат слушателите со медицинско – кинезиолошките аспекти на вежбите за работници изложени на статички и динамички оптоварувања на работното место. Професионалните статодинамички оптоварувања најчесто резултираат во развој на болести поврзани со цервикалниот и лумбалниот дел на ’рбетниот столб и професионални заболувања најчесто во форма на различни синдроми на пренапрегнување. Тие исто така може да доведат до влошување на други болести на мускулно-скелетниот систем кои не се поврзани со работното место, како на пример, сколиозата.
Ризични работни услови во развој на болести на цервикалниот дел на ’рбетниот се смета првествено работа во неприродна положби на главата и вратот, додека во развојот на болеста лубално-сакрален сидром се смета дигање и пренесување на товар и изложување на целото тело на вибрации.
Што ќе биде опфатено на обуката?
На обуката ќе бидат дефинирани поимите физичка активност, здравствени придобивки од физичката активност, економските придобивки од физичката активност, колку луѓето треба да бидат физички активни, најчести професионални заболувања како резултат на статичко и динамичките оптеретувања. Запознавање со анатомско-физиолошките и биомеханичките причинители за настанување на одредени професионални заболувања. Значењето на вежбите за работниците изложени на стато динамичко оптеретување на работното место. Вежби за сила и флексибилност (стречинг) применливи за работниците изложени на стато динамичко оптеретување на работното место. Вежби за загревање при манипулација со тешки предмети. Вежби за дишење и релаксирање. Вежби за одмарање на очите кај лица кои долго време работат на компјутер.
Со какви познавања ќе се стекнат учесниците?
Со присуството на оваа обука, учесниците ќе се стекнат со практични сознанија и информации, кои ќе можат да ги имплементираат во нивните компании. Ќе се запознаат и научат едноставни вежби кои може да се изведат на работното место за да се спречат болките во цервикалниот и лубалниот дел на ’рбетниот столб од кои страдаат многу вработени. Ќе научат вежби за истегнување на работни места во присилни положби на телото (претежно работни места во седечка положба и работа во претклонета положба). Вежби за работници кои работат во неприродна позиции на телото и манипулираат со тешки предмети. Програмите се прилагодени така што можат да се изведуваат на работното место во време траење од околу 10 минути неколку пати на ден, како би се задоволиле препорачаните 30 минути физичка активност дневно.
Разговорот го водеше Андријана Зафировска
Views: 484