Утринава во 09:00 часот во Куманово, додека работел на приватна куќа на улицата „Никола Спасиќ“, врз 64-годишниот С.Д. од село Тромеѓа, кумановско, паднала плоча.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, а од таму во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт.
Увид извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Views: 106