– Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела”, изјави денеска портпаролот на началникот на на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи.
Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.
Авганистански претставник соопшти дека нивните лични карти биле пронајдени покрај нивните тела и оти сега бараат потврда од фирмата за која работеле.
Извор: https://kanal5.com.mk/articles/343644/makedonski-drzhavjanin-kidnapiran-i-ubien-vo-avganistan
Views: 160