Според полицијата, сообраќајната несреќа се случичила во 12.05 часот, во атар на селото Русјаци. Камион „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Р.З. излетал од патот и удрил во дрво. ОД ударот возачот се здобил со тешки повреди, но починал на пат за болницата во Прилеп.
Сопатникот С.А. (18) од село Ковче, Македонски Брод, бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција
Извор:https://www.mkd.mk/crna-hronika/kamion-izletal-od-pat-vozachot-zaginal
Views: 109