ЕУ Конференција-Борба против професионален рак

 

Четири пати повеќе луѓето умираат од рак на работното место, отколку како резултат на сообраќајни несреќи

 

Конференција на ЕУ: борба против професионалниот рак

Секоја година, 20 000 луѓе во Австрија умираат од рак. Меѓународните истражувања покажуваат дека скоро една десетина од овие смртни случаи (околу 1800) се припишуваат на изложеност на канцерогени поврзани со работата.

Во Европа, повеќе од 100 000 луѓе годишно умираат од рак предизвикан на работното место.

Ова беше фокусот на Меѓународната конференција за борба против ракот која се одржа на 24-25 септември 2018 година во Виена под Австриското претседателство на Советот на Европската унија. Конференцијата имаше за цел да придонесе кон подигнување на свеста за ризиците од изложеноста на канцерогени супстанции и да се дискутира за мерките во борба против ракот на работното место.

Посебен акцент на конференцијата е предавањето од  Финска -“Патоказот на канцерогени супстанци: од Амстердам до Виена” – шема за доброволна акција насочена кон борба против професионалниот рак.

Во споредба со 1 800 смртни случаи поради рак на работното место, во 2017 година вкупно 413 лица ги загубија своите животи како резултат на сообраќајни несреќи во Австрија. Ова значи дека во Австрија повеќе од четири пати повеќе луѓе умираат од рак на работното место отколку како резултат на сообраќајни незгоди.

Крајно време е да работиме на едукација.

Еден од главните предизвици за Австрија и за цела Европа е фактот што луѓето често не се свесни за ризиците на кои се изложени на нивното работно место.

“Како одговорниот федерален министер, јас сум многу задоволен што, како дел од еден голем проект, Австрискиот инспекторат за труд ги информира компаниите, им дава практични насоки и ги советува за спроведување на соодветни мерки. Не треба да се потцени превентивното работење “, рече сојузниот министер Beate Hartinger‑Klein, нагласувајќи ја важноста на превентивната култура.

Конференцијата за борба против рак е дел од голем број активности кои се спроведуваат на национално и европско ниво. Овие активности се движат од спецификацијата на нови граници на изложеност за канцерогени супстанции до заеднички кампањи и размена на најдобри практики. Се градат мостови кои ги поврзуваат тековните истражувања со потенцијалните ризици од изложеност на канцерогени материјали со соодветното законодавство за тоа како да се управуваат таквите ризици. Исто така е важно моментално достапното знаење да се имплементира на работното место. Одличен пример за иницијатива на ниво на ЕУ- Управување со опасни супстанции, која ја започна Европската агенција за безбедност и здравје при работа (ЕУ-OSHA) и се спроведува во сите земји-членки.

Започнувањето на уште една клучна иницијатива беше обележано со потпишувањето на “Патоказот за канцерогени: од Амстердам до Виена” во Холандија во 2016 година.

 

Views: 267

Posted in Новости.