Повреден работник при товарење градежна машина

Гостиварец задобил повреди на р’бетот при пад додека на камион се товарала градежна машина. Според СВР Тетово несреќата се случила вчера околу 10:45 часот на градилиште во близина на мавровската крстосница на магистралниот пат Гостивар Кичево.

До повредувањето на работникот В.П. (39) од Гостивар дошло при качување на работна машина „валјак“ на камион. Од сé уште неутврдени причини работната машина се навалила и се излизгла од платформата. Работникот а работникот од потресот паднал и се здобил со фрактура на пршлен.

В.П. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот

ИЗВОР: https://1tv.mk/zivot/

Hits: 38

Posted in Несреќи при работа.