Трагедија во Скопје. 25 годишно момче загина во стравотниот пожарот што околу пладне избувна во центарот на градот, зад трговскиот центар Рамстор. Се запали дуќан за гуми. Експлозија на боца била причина за пожарот каде има тројца повредени, од кои еден потешко. Од продавницата речиси цел ден се ширеше црн, густ чад.
Ова е дуќанот кој попладнево гореше каде 25 годишно момче го загуби животот. Телото на починатиот од опожарениот објект го извлекла екипа на скопската Итна медицинска помош.
Командирот на противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски за Алфа изјави дека интервенирале со 8 возила и 22 пожарникари. Постоела опасност истиот да се прошири и во околните објекти.
Според очевидци, пожарните пристигнале релативно брзо, но освен човечката загуба или и голема материјална штета. Потресени од ужасот кој се случувал пред нивни очи, не сакаа да зборуваат пред камера.
Според информациите од полицијата до кои дојде Алфа, додека вработените правеле сервис на мотор, во еден момент експлодирала плинска боца. На самото место починало едно лице, а тројца се повредени меѓу кои нив и сопственикот на сервисот.
Views: 170