Вклучување на сите засегнати страни во подобрување на реформите за БЗР

Вклучувањето на сите страни во промовирањето на стандардите за БЗР и промовирањето на превентивната култура е главната порака која што треба да биде пренесена со ова видео.

Сите клучни засегнати страни, јавните институции, граѓанските организации, организациите на работодавачи, синдикатите, докторите по медицина на трудот, експерти за БЗР, самите работници, мора да соработуваат со цел да ги подобрат работните услови и културата за заштита при работа. Само на тој начин, сегашната ситуација ќе биде значително подобрена.

Ова видео става акцент на тоа дека постои евидентен проблем и недостатоци во системот за БЗР на национално ниво и има огромна потреба за ревидирање или менување на постојните законски обврски и права.

Затоа е потребно сите главни актери заеднички да го решат проблемот и да влијаат на реформите во постојниот Закон за безбедност и здравје при работа.

Views: 161

Posted in Видео, Новости.