Тешка несреќа во Македонија – лимар падна од кров на куќа

Вчера во СВР Битола било пријавено дека околу  09:30 чаот на улица „Новосадска“ во Битола, при изведување на лимарски работи на кров од куќа, 33-годишниот К.Џ. од Битола, вработен во лимарска работилница, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

https://www.press24.mk/teshka-nesrekja-vo-makedonija-limar-padna-od-krov-na-kukja

Views: 188

Posted in Несреќи при работа.