Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објект во изградба на улица „Лондонска“ во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица, починал градежниот работник М.А.(33) од село Челопек, тетовско, информираат од МВР.
Според пријавеното, додека М.А. се обидувал да натовари железна арматура на кран, арматурата се откачила и од висина од околу два метри паднала врз него.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
Загина градежен работник во Тафталиџе, железна арматура паднала врз него
Views: 133