На 23.02.2019 година во 19.06 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.В.(46) од Куманово, вработен како пожарникар во Територијалната противпожарна единица Куманово, при интервенција – гаснење пожар на запален оџак, паднал од покрив на куќа сопственост на Ф.Ј.(40) од Куманово на ул.„Младен Стојановиќ“ и се здобил со тешки телесни повреди. С.В. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош, а потоа бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и инспектор од Државен инспекторат за труд.
ж
Views: 151