Jавна расправа за политиките на добро управување на банката- EБРД

Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, М-р Милан Петковски на покана на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) денес присуствува на јавната расправа за политиките на добро управување на банката: Политика за заштита на животната средина, политиката на јавното информирање и проектниот желбен механизам.

Од негова страна, беше јасно нагласена потребата за поголема вклученост на безбедноста и здравјето при работа при реализација на проектите поддржани од страна на банката, како и потребата за поголема видливост на случаите каде што се случила несреќа на работното место, на проекти кои ги поддржала банката, се со цел да не се создава култура на сува статистика, туку да се даде човечка димензија на последиците од несреќата на работното место.

 

Што се однесува на наведените политики кои се тема на расправа, се ревидираат на секои пет години, при што последната ревизија извршена е во 2014 годинa

Преглед на политика- добро управување со Европската банка за развој:

 Политиката за заштита на животната средина и социјалната политика

Политиката за заштита на животната средина и социјалната политика управува со посветеноста на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за промовирање на заштитата на животната средина и одржливиот развој во рамките на сите свои инвестициски активности и активности поврзани со техничка соработка. Оваа политика го дефинира начинот на кој ЕБРД ќе го решава влијанието врз животната средина и социјалниот ефект на своите проекти, и тоа:

  • дефинирање на индивидуални улоги и обврски, како на ЕБРД, така и на нејзините клиенти, во проектирање, реализација и водење на проектите во согласност со оваа политика и условите за реализација;
  • воспоставување на стратешки цели за промоција на проектите кои се со позитивни влијанија врз животната средина и социјални прашања;
  • интегрирање на мерките за: одржливост на животната средина и општествената одржливост во сите свои активности.

Политика на јавното информирање

Политиката на јавното информирање (ПИП) претставува посветеност на Банката на зголемување на транспарентноста на своите активности и промовирање на концептот на добро управување. Оваа политика го одредува начинот на кој ЕБРД се консултира со своите заинтересирани страни и објавува информации, со цел промовирање и подобро разбирање на нејзините стратегии, политики и активности. Таа се заснова на следните принципи:

  • Транспарентност: ЕБРД управува со основен предуслов дека секогаш кога е можно, информациите за оперативните и институционалните активности на Банката бидат ставени на располагање на јавноста.
  • Одговорност и управување: ЕБРД е посветена на зајакнување на својата одговорност кон акционерите и обезбедување на високи стандарди за корпоративно управување.
  • Сослушување на коментари : преку својата посветеност кон отворена комуникација.
  • Заштита на деловниот пристап во спроведувањето на мандатот.

Проектни жалбени механизам

Обезбедува можност за независно оценување и разгледување на социјалните прашања, прашања за заштитата на животната средина и прашања за јавна обелоденување на информации поврзани со проекти финансирани од ЕБРД. Проектни жалбен механизам се стреми да ја зголеми одговорноста на ЕБРД преку две функции:

  • Решавање проблеми- се стреми да поддржува дијалог помеѓу заинтересираните страни и клиентите за решавање на прашањата за заштита на животната средина, социјални прашања и јавнo обелоденување.
  • Функција на усогласеност- има за цел да утврди дали ЕБРД ја почитува политиката за заштита на животната средина и социјалната политика или одредбите на политиката за информирање на јавноста, специфични за конкретен проект.

 

Процес на јавна расправа:

Во согласност со Политиката за јавно информирање на Европската банка за обнова и развој (2014), Банката ги повикувa  организациите на цивилното општество, своите клиенти, партнери и сите заинтересирани страни да дадат свој придонес во ревидирањето на овие политики. Повратните информации може да се достават во писмена форма или преку нивно учество во низа јавни расправи.

Изминатиов период беа реализирани вакви расправи во: Kиев, Тбилиси, Алмати, Истанбул, Каиро, Казабланка, Белград.

Следната расправа е предвидена за 5 март во Лондон.

На секоја расправа, за секоја од политиките се расправа два часа.

 

 

Hits: 59

Posted in Новости.