Повреден рудар донесен во Здравствен дом Радовиш

На 06.03.2019 во 08.00 часот во Полициска станица Радовиш, лекар од Здравствен дом Радовиш пријавил дека кај нив со повреди на левата рака бил донесен Ж.М.(59) од село Конче. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи на неговото работно место во рудник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повреден рудар донесен во Здравствен дом Радовиш | opserver.mk

Hits: 70

Posted in Несреќи при работа.