Полицаец повреден при обид да легитимира учесник во сообраќајот

Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје, на булевар „Никола Карев“, при преземање на службени дејствија за запирање на патничко возило „Фолксваген“, возачот на возилото А.С. (25) од Скопје не застанал и со возилото го удрил полицискиот службеник во левата рака, информира МВР во дневниот полициски билтен.

По преземени мерки А.С. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава

http://skopjeinfo.mk/policaec-povreden-pri-obid-da-legitimira-uchesnik-vo-soobrakjajot

Hits: 70

Posted in Несреќи при работа.