ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
„Работата преку објективот на БЗР‘‘
Драч – Албанија 30 Мај – 1 Јуни 2019

Превенцијата е клучен концепт во БЗР. Всушност, превенцијата на несреќи при работа и на професионални болести мора да биде главна цел на секој систем за управување со БЗР, многу повеќе отколку обидите да се решаваат проблемите откако тие ќе настанат. Овој принцип стекнува сè поголема важност бидејќи организациите многу брзо се менуваат (поради глобализацијата, намалување на обемот на работата, привремена работа, работа со скратено работно време, работата на подизведувачите, стареење на работната сила…), што повикува на динамичен пристап кон БЗР.
Ве повикуваме на V Меѓународна Конференција за регионална соработка во областа на безбедноста и здравјето при работа: „Работата преку објективот на БЗР“.
Конференцијата ги отвора своите врати за Балканот секоја година. Овој пат, во период од 30 мај до 01 јуни 2019 година, Албанија ќе ја пречека глобалната превентивна заедница во Драч, Grand Blue Fafa Resort. Придружете се и Вие на овој меѓународен собир од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Меѓународната конференција за регионална соработка на граѓански организации е клучен настан на балканот за размена на информации и мислења од експерти за безбедност и здравје при работа, претставници на компании и вработени, носители на одлуки од владата и јавните власти, социјални партнери и секој кој е активен во областа на безбедноста и здравјето при работа.

Покана конференција АЛБАНИЈА 2019

Hits: 257

Posted in Новости.