ЕРГОНОМСКИ АНАЛИЗИ за детекција на потенцијални мускуло-скелетни заболувања кај судските административни работници и препораки за ергономско уредување на седечките работни места

Здружението на судска администрација (ЗСА) е основано 2009 година. ЗСА се залага за професионална и ефикасна судска администрација, активно се застапува за правата на вработените во судската админстрација и за подобрување на условите за работа со цел да придонесе кон спроведување на реформите на судскиот систем во РМ.

Во насока на остварување на програмските цели, во рамките на проектот: „Безбедност и здравје при работа на вработените во институциите на судскиот систем во Република Северна Македонија“, финансиски подржан од Македонското Здружение за заштита при работа (МЗЗПР), како дел од проектот: “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK, Здружението спроведе истражување за идентификација на мускулноскелетните заболувања кај судските службеници во 3 пилот судови во Северна Македонија, со цел да се зајакнат капацитетите на членовите на ЗСА за застапување на правата за заштита при работа и условите за работа на вработените во судската администрација во РМ.

линк

Hits: 57

Posted in Публикации.