Полицаец прегазил колега со „хермелин“ во касарната „Ѓорче Петров“

Полицаец повредил колега прегазувајќи го со оклопно возило „хермелин Х09“ вчера попладне во кругот на касарната „Ѓорче Петров“, соопшти полицијата.

Како што наведува МВР, во касарната „Ѓорче Петров“, каде се сместени оклопните возила „хермелин“, полициски службеници вршеле проверка на исправноста на оклопните возила и притоа 25-годишен полициски службеник управувајќи „хермелин Х09“ му нанел повреда на десната нога на 38-годишен полициски службеник.

На повредениот му е укажана помош во Градската општа болница „8-ми Септември“. За случајот е известено ОЈО Скопје по чија наредба извршен е увид на лице место.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР презема мерка од нивна надлежност.

ИЗВОР

Views: 164

Posted in Несреќи при работа.