Вчера во 16.50 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Б.(54) од Куманово. Според полицијата, тој се повредил при пад од скали на објект во изградба на место викано „Стара бања“ во с.Проевце, Kумановско, на кој бил сопственик. Се работи на расчистување на случајот.
извор: Makfax
Views: 164