Би сакале да ве поканиме на 38 -та годишна конференција на
Професионална работа, процеси и зштита од пожари
Прва објава
Целта на дводневната конференцијата за професионалци од областа на БЗР што ќе се одржа во Порторож, Словенија, на 19-ти и 20-ти мај, 2020 година е да ги соберат експерти во областа на управување и промоција на безбедноста и здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и социјалните и економските влијанија на безбедноста при работа, планирање на процеси на работа и производство, пожари и безбедност на животната средина. Покрај тоа, конференцијата има за цел да го поддржи тековното стручно оспособување и размена на знаење, да се претстави тековната состојба, најновите откритија и научените лекции и добрата практика и да се потенцираат и новите ризици што можат да доведат до подобрувања во безбедносната политика .
Авторите се поканети да испратат наслов и краток апстракт до 17-ти февруари 2020 година
Детални инструкции се достапни на http://www.posvet-otv.si .
Вашето учество во голема мерка ќе придонесе за подигнување на свеста за општата важност и културата за обезбедување на безбедна, здрава, удобна и успешна работна и животна средина.
*Напомена – авторите на трудови не плаќаат котизација.
Безбедна, здрава и успешна 2020 година!
Views: 279