ТЕШКО ПОВРЕДЕН РАБОТНИК ВО СКОПЈЕ

Шеесет и четиригодишниот П.Т. од скопското село Орешани на 10. 02 2020 додека работел во фирма на булеварот „Борис Трајковски“ паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, П.Т. со повреди бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Случајот синоќа во полиција го пријавиле од болницата.

На местото на настанот излегле полициски службеници, а бил известен и трудов инспектор.

ИЗВОР

Views: 111

Posted in Несреќи при работа.