Полицаец удрен од камион во скопско. Имено, полициски службеник се здобил со повреди откако во него удрил товарен камион во скопското село Миладиновци вчера во 15.30 часот.
Повредениот полицаец веднаш е префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата извршила увидот на местото на несреќата.
Views: 139