Малку по 9,30 часот во неделата наутро на патот Кичево – Гостивар, кај селото Трапчин дол се случила тешка сообраќајка меѓу трактор и автомобил „ауди“, во која животот го загуби трактористот, додека возачот на возилот е хоспитализиран со тешки повтреди.
Според неофицијални информации возачот на тракторот починал на лице место, додека возачот на аудито е пренесен во болницата во Кичево.
Сообраќајот најпрво беше во прекин во двата правци, а сега е целосно нормализиран.
МВР изврши увид, и подетални информации се очекуваат во текот на денот.
Views: 119