Од минатите кризи научивме дека работните места можат да бидат од витално значење за да ги спречат и контролираат несаканите појави. Соодветните мерки за безбедност и здравје при работа можат да играат клучна улога во спречувањето на заболувањата. Владите, работодавачите и работниците сите треба да играат улога во справувањето со кризата # COVID19, а нивната соработка е клучна. Меѓународната организација на трудот оваа година кампањата за безбедни и здрави работни места ја посветува на борбата против пандемиите, нивното превенирање и спречување.
Views: 189