Вчера околу 18:30 часот на регионален пат Струмица – Валандово, во близина на Валандовско брдо, трактор „ИМТ 529“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.Ч. (54) од село Костурино, струмичко, изгубил контрола и удрил во земјен брег покрај патот – информираат од СВР Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој е пренесен во Струмичката болница, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.
Views: 49