Oдбележувањето на Европска недела за БЗР 2020

 

Оваа година Европската недела за безбедност и здравје при работа, која се одржува од 19 до 23 октомври 2020 година, е насочена кон подигнувањето на свеста за неодамна покренатата кампања “Здрави работни места – олеснете го товарот” 2020-2022, и има за цел спречување на мускулно-скелетни нарушувања поврзани со работата. “Македонско здружение за заштита при работа” во соработка со Институтот за Јавно здравје се приклучија кон одбележувањето на Европска Недела за БЗР преку одржувањето на работилници на 20 и 21 октомври 2020 година во хотел ТЦЦ Гранд Плаза Скопје на тема КОВИД – 19 : Нова методологија за проценка на ризик на работно место и оценка на работна способност, наменета за докторите по медицина на труд.

 

Views: 272

Posted in Новости, Обуки.