Со напредокот на технолошкиот развој во светот се менува и пристапот кон безбедноста и здравјето при работа на вработените при појавата на повреди, несреќи и професионални болести поврзани со работата. Овој пристап значително го поддржува националната, како и новата легислатива на ЕУ.
Безбедноста и здравјето при работа на вработените претставува еден од осумте меѓународни стандарди на трудот. Како основно човеково право, претставува и основен елемент кој ја опфаќа и социјалната и здравствената димензија на принципот за одржлив развој. Заедно со работната способност и благосостојба на индивидуата, тоа е клучниот елемент за севкупен социо-економски развој на секоја земја…
Views: 66