Жител на Кочани со иницијали Ј.С. се повредил при извршување работни задачи во кругот на рудник кај селото Пантелеј.
Според информациите од дневниот полициски билтен, работникот се повредил вчера околу 12:30 часот, а случајот е пријавен во полициската станица во Кочани во 13.50 часот од страна на Итната медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кочани и инспектор за труд.
Views: 56