Во пожар во работилница во Трубарево што се случи утрово во 9 часот, повредени се тројца работници. Со брза помош тие веднаш биле пренесени во болницца.
Според пожарникарите, најверојатно огнот бил предизвикан од работа со компресор.
Утрово имало пожар и во ЕСМ Енергетика во населбата Железара каде е интервенирано на котел за парно. Никој не е повреден во овој пожар.
Командантот на Територијалната противпожарна единица Владимир Симоновски во изјава за МИА вели дека двата пожара се изгаснати. Во пожарот во работилницата интервенирале со две возила и осум пожарникари, а во пожарот со котелот со три возила и 10 пожарникари.
Views: 48