Деветмина полицајци повредени во сообраќајна несреќа

Деветмина полициски службенивци се повредени во сообраќајна несреќа, што се случила вчера утрото во близина на с.Белановце, кумановско, кога, полициското комбе, во кое се превезувале полицајците, се судрило со автомобил „фолксваген пасат“. По незгодата, на полициските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, Јавен обвинител и Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Деветмина полицајци повредени во сообраќајна несреќа | opserver.mk

Hits: 20

Posted in Несреќи при работа.