Во Полициската станица Кавадарци вчера е пријавено дека Г.Б.(62), вработен во ЈП „Национални шуми“ од Кавадарци, се здобил со повредa при извршување работни задачи, во близина на село Бохула.
За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Лицето било пренесено во болницата во Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Views: 89