Повторно прегазен полицаец кој обезбедувал место на несреќа

Полициска службеничка со повреди е хоспитализирана во тетовската болница откако во неа удрил „голф“. Како што соопшти МВР, синоќа околу 02.30 часот на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која Т.Т.(34) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки удрил во паркирaно патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, кое обезбедувало лице место на претходно случена сообраќајна незгода, а потоа и во полициски службеник.

По незгодата, таа биле пренесена во Клиничка болница Тетово каде и биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Пред само неколку дена полициски службеник беше повреден во сличен инцидент во Скопје.

ИЗВОР

Hits: 0

Posted in Несреќи при работа.