Како што информира полицијата, вкупно 11 полицајци се здобиле со полесни повреди вчера на протестот за случајот Монструм.
Во полициска станица се приведени 8 демонстрани на кои ќе им биде поднесена кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. Нападнати беа и новинарски екипи. Протестот е организиран поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот Монструм по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За Сами Лута, се одбива обвинението.
Views: 94