Рудар повpeдeн на работното место во јама кај Македонска Каменица

Триесет и четири годишен рудар од Македонска Каменица се здобил со повреда на работното место.

Во полициското одделение во Македонска Каменица било пријавено дека околу 12.15 часот при работа во јама во рудник во Македонска Каменица, 34 годишниот З.С. се здобил со повреда кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во Општата болница Кочани.

Директорот на Општа болница-Кочани, Александар Серафимов за МИА вели дека на рударот направен му е детален преглед и снимање на главата. Лекарите констатирале дека се здобил со телесни повреди, односно исеченица на десната веѓа, по што бил пуштен на домашно лекување.

Од СВР-Штип велат увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Делчево.

ЛИНК

Hits: 0

Posted in Несреќи при работа.